Иран гради подземна нуклеарна централа, велат инспекторите на МААЕ

Од:

Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопштија дека Иран почнал со изградба на подземна централа за нуклеарна центрифуга, по експлозијата ова лето во друг објект со иста намена, за која Техеран тврдеше дека е саботажа.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, рече дека Иран постојано складира збогатен ураниум, но оти, очигледно, нема доволно за производство на нуклеарно оружје.

По експлозијата на нуклеарната централа Натанц во јули, Техеран најави изградба на нов, побезбеден подземен објект во блиските планини.

Иако на сателитски снимки не може да се видат ниту градилиштето, ниту новиот објект, Гроси тврди дека изградбата е започната, но не е завршена бидејќи тоа е долг процес.

Директорот на МААЕ не сакаше да соопшти други детали, објаснувајќи дека станува збор за „доверлива“ информација

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава