Иран ги нападна Јордан, Кувајт и Бахреин

Од:

Иран започна ноќни напади врз Јордан, Кувајт и Бахреин како одговор на најновите американски напади врз Исламската Република.

Јордан пресретна 10 ирански ракети ноќеска во најновиот напад во регионот на Персискиот Залив, соопшти јорданската војска, објави Скај њуз.

Во соопштението се вели дека нема жртви или материјална штета.

Војската на Кувајт претходно издаде две предупредувања за беспилотни летала, а сирените се огласија во Бахреин. Саудиска Арабија, исто така, го издаде своето прво предупредување за потенцијална закана во последните неколку недели синоќа, без да прецизира за што станува збор, но подоцна соопшти дека заканата поминала.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите