Иран: Експлозија во погон, во кој се произведува нуклеарно оружје

Од:

Силна експлозија ја потресе воената компанија „Парчин“, која што се наоѓа на околу 30 километри од Техеран, а за која аналитичарите сметаат дека е место на кое државата развива нуклеарна програма.

Во експлозијата настрадаа двајца работници, а оштетени се и прозорци на згради на одалеченост од 15 километри.

Според пишувањето на „ИСНА“ експлозијата се случила во погон за производство на експлозивни материјали.

Агенцијата за контрола на нуклеарно вооружување при ОН, ИАЕА верува дека пред десетина години тука е изведено прво тестирање на експлозив, поврзан со развој на нуклеарно оружје во Иран.

Иако Иран тврди дека развива само цивилна нуклеарна технологија, од 2005 година им е забранет пристап на инспектори на ОН, во „Парчин“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел