Иран е подготвен да му испрати оружје на Ирак

Од:

Иран е подготвен да му испорача оружје на Ирак за да му помогне на својот сосед во борбата против тероризмот, пренесе ТАСС, повикувајќи се на вчерашната изјава на началникот на
Генералштабот на иранската армија, генерал Хасан Фирузабади.

-Безбедноста на нашата земја и безбедноста на Ирак се тесно поврзани и ние не можевме да останеме неми на жестокоста, покажана од терористите кон
ирачките граѓани. Нашите специјалци и редица ирански воени команданти заминаа во Ирак, за да им помогнат на ирачките команданти со свои совети, посочи Фирузабади, цитиран од иранските меидуми.

Тој, исто така, изјави дека „сега Иран е подготвен да испрати во Ирак и хуманитарна помош“.

Генералот додаде дека неговата земја, по легални канали, ќе го испрати оружјето и неопходната опрема, веднаш штом ирачката Влада го испрати потребното барање.

Иранските медиуми забележуваат значителен развој во соработката меѓу Иран и Ирак по соборувањето од власта на режимот на Садам Хусеин, во 2003 година.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски