Иран е блиску до постигнување спогодба со Западот за неговата нуклеарна програма

Од:

Техеран е близу до постигнување спогодба со Западот за неговата нуклеарна програма, иако останува да се доработат некои детали, изјави вчера иранскиот министер за надворешни рабноти Мохамед Џавад Зариф во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си.

– Ние сме подготвени да работиме деноноќно за да постигнеме спогодба. Сметаме дека сме мошне блиски до тоа, иако може да се каже дека се наоѓаме мошне далеку, посочи Зариф.

Тој додаде дека има некои детали кои треба да се разработат.

– Ние сме мошне блиску, доколку биде донесено политичко решение за тоа прашање, доколку биде кажано „да“, како што се изрази претседателот на САД, Барак Обама, прецизираше иранскиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел