Иран дементира дека е постигнат договор со САД за ураниумот

Од:

Иранските власти денеска демантираа дека со САД постигнале договор за извоз на дел од збогатениот ураниум во Русија, што би претставувало отстапка на официјален Техеран во преговорите со шесторката за иранската нуклеарна програма.

Американските медиуми, повикувајќи се на неименувани дипломати, синоќа објавија дека Техеран и САД постигнале условен договор за формулата за извоз во Русија на поголемиот дел од иранскиот збогатен ураниум, кој може да се користи за производство на нуклеарно оружје.

Портпаролката на иранското Министерство за надворешни работи Марзијех Афкам изјави дека „не е постигнат никаков договор на тема нуклеарна енергија“.

– Таквите вести се шират од политички мотиви, а нивна цел е да се загрози климата на преговорите и да се отежне постигнувањето договор, истакна Афкам.

Од друга страна, шефот на иранската Агенција за атомска енергија Али Акбар Салехи синоќа изјави дека 12-годишниот нуклеарен спор меѓу Иран и западните сили се ближи кон крајот.

– Нуклеарното прашање без сомнение ќе биде разрешено во корист на Иран и наскоро ќе можеме да ја славиме победата на нашата земја, рече Салехи синоќа на вечерната молитва во една џамија во Техеран.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел