Иран бара регионално решение со Ирак и Сирија за проблемот со џихадистите

Од:

Иран повторно се заложи денеска за регионално решение за борбата против џихадистичките групации, со цел да се избегне интервенирањето на странски сили во Ирак и Сирија.

– Доколку земјите во регионот постигнат согласност тие ќе можат да ги елиминираат антиисламистичките групации како Даеш (акроним на ИД на арапски) и да ослободат илјадници деца, жени и мажи, кои ги загубиле домовите или се заробени, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани за време на отварањето во Техеран на конференцијата посветена на борбата против насилството и екстремизмот.

– Во тој случај нема да има потреба од присуство на странци, додаде тој.

Рохани истакна дека земјите, кои учествуваа во финансирањето на тероризмот, треба да престанат со директната или индиректната помош на терористичките групации.

Техеран постојано ги обвинува Саудиска Арабија и Катар дека ги финансираат џихадистите.

Претседателот на Иран исто така напомена дека е потребно да се воведат реформи во образовниот систем во верските училишта, со цел да се искоренат екстремизмот и толкувањата на религијата кои проповедаат насилство и да се потенцира мирољубивата страна на исламот во светот.

На конференцијата учествуваа министрите за надворешни работи на Ирак и Сирија, заменик претседателот на Владата на Авганистан Мохамед Мохакек, поранешниот пакистански претседател Асиф Али Зардари, како и поранешниот француски пемиер Домини де Вилпен.

Техеран ги поддржува Ирак и Сирија политички и воено, претежно со воени советници во борбата против сунитската ектремистичка групација Исламска држава. Исламската република сепак одби да учествува во меѓународната коалиција, предводена од САД, изразувајќи сомневања во однос на нејзините вистински цели.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел