Ирачките служби за борба против тероризмот добија информации кои укажуваат дека Исламската држава планира да изврши „голем“ терористички напад во Велика Британија, изјави генерал-полковник Абдул Вахаб ал Сади, шеф на ирачката служба за борба против тероризмот.
– Откривме дека Британија е следната цел надвор од Ирак. Од податоците што ги најдовме на местото на една од неодамнешните рации можам да ви кажам дека следниот напад се планира да биде во Велика Британија – изјави Сади за „Мирор“.