Ирачкиот премиер најави тужба против новиот претседател

Од:

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики најави тужба против новиот ирачки претседател поради „очигледно кршење на Уставот“.

Малики, чија коалиција освои најголем број пратенички места на изборите во април, го обвинува новиот претседател Фуад Масум дека не именувал премиер од најголемата група во Парламентот до истекот на рокот за тоа.

Според него претседателот го прекршил уставот поради политички цели.

Малики синоќа во говор на телевизија изјави дека безбедносната ситуација се влошува и дека постапките на Масум имаат негативни последици.

Ирачкиот парламент претходно одлучи да биде на пауза до 19 август, откако пратениците не постигнаа договор околу именувањето на премиер, наспроти меѓународниот притисок да се воспостави коалициска влада.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел