Ирачки Курди пристигнаа на границата со Турција на пат кон Кобане

Од:

Првото засилување за ирачките Курди за помош на Курдите во сирискиот град Кобане, кои се борат против џихадистите, стигна во текот на ноќта во Турција, соопштија локалните власти во Турција.

Група од 150 ирачки Курди пристигнаа на аеродромот Санлиурфа на југ во Турција, наведоа локални власти и додадоа дека и вториот контигент пристигнал по копнен пат.

Во тој контигент биле 40-на возила со тешко вооружување, јавија западни медиуми.

Ирачките Курди би требало во следните денови да стигнат во Кобане, курдски град на север во Сирија на границата со Турција каде во тек се борби против екстремистите од Исламска држава.

Турските власти минатата недела под притисок на САД, дозволија ирачки Курди да минат низ нејзина територија до Кобане иако претходно наведоа дека нема да дозволат испраќање каквибило копнени единици во тој сириски град.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Oџалан: Отворен сум за преговори со владата

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години