ИОМ: И оваа година во Европа се очекуваат милион бегалци и мигранти

Од:

Бројот на мигранти и бегалци кои ќе дојдат во Европа оваа година може одново да биде еден милион, наведуваат од Меѓународната организација за миграција.

– Не гледаме големи промени во условите кои се причина луѓето да ги напуштаат родните држави, зошто тогаш треба да се променат резултатите – запраша портпаролот на ИОМ, Џоел Милман.

Според нив, 1.004.356 мигранти и бегалци дошле во Европа во 2015 година, четирипати повеќе во однос на 2014 година. Околу 65.000 пристигнале во Европа во јануари.

– Ако тоа темпо продолжи, во 2016 година во Европа ќе дојдат вкупно околу 780 илјади мигранти и бегалци. Знаеме дека бранот е засилен во летото така што нема основа да сметаме дека во крајот на оваа година нема да има милион новодојдени -, нагласи портпаролот на ИОМ.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто