Интервју со внукот на Ким Јонг Ил: Мојот чичко е диктатор

Од:

Внукот на Ким Јонг Ил кој се школува во Мостар во интервју го нарече диктатор, сегашниот владетел на Северна Кореја инаку негов чичко.

Во интервјуто објавено на меѓународната школа во Мостар каде што учи, Ким Хан Сол даде редок увид во најтаинствената владеачка династија на светот, но говореше и за своето детство за што малку се знае. Интервјуто го направи Елизабет Рен, поранешна потсекретарка на ОН и специјалениузвестувач за човековите права во Босна и Херцеговина.

Ким Хан Сол е роден во Пјонгјанг во 1995. година а својот дедо, познатиот лидер на Северна Кореја, Ким Јонг Ил не го сретнал никогаш, бидејќи целото детство го поминал во прогон кај семејството на неговата мајка.

„Од секогаш сакав да го сретнам, бидејќи сакав да знам каков човек е. Односно, јас го чекав…се додека не умре, се надевав дека ќе дојде и ќе ме пронајде, зашто јас навистина не знаев дали тој воопшто знае дека постојам“, рече Ким во интервјуто кое го емитуваше француската телевизија.

Ким Хан Сол сега има 17 години, а е син, на најстариот син на Ким Јонг Ил, Јонг Нам, кој ја изгуби наклонетоста на таткото по обидот тајно да влезе во Јапонија во 2001. со лажен пасош, за да го посети Дизниленд. Неговото семејство од тогаш се пресели да живее во егзил, најмногу на кинеската територија во Макао.

„Мојот татко навистина не е заинтересиран за политика“, одговори Ким на прашањето зошто неговиот татко е заобиколен при преносот на власта во Северна Кореја.

„Навистина не знам зашто стана диктатор“, рече Ким за својот чичко, Ким Јонг Ун.Тоа беше помеѓу него и мојот дедо“.

Во текот на интервјуто е објавена снимка со опис на 1995. година кога е роден Ким Хан Сол, во времето на тешки моменти за Северна Кореја кога милиони луѓе гладуваа.

„Додека растев во Северна Кореја не бев свесен што се случува таму“, рече Ким.„Од секогаш сонував дека еден ден ќе се вратам таму и ќе ги направам работите полесни за луѓето““, додаде тој.

Ким е запишан на колеџот во Мостар минатата година, предизвикувајќи голем интерес на медиумите кои се обидува секогаш да ги избегне. Овојпат не објасни зошто се одлучил за зборува.

Тој вели дека „на некој начин бил несмасен“ кога ги сретнал учениците од Јужна Кореја и од САД, Но, малку по малку вели „почнавме да се разбираме едни со други“.

„Сега навистина сме добри другари и заедно патуваме, и тоа е прекрасно чувство“, вели тој.

Според него е тажно што не може да оди во Јужна Кореја, но изрази надеж дека „со малку напор, чекор по чекор, може да дојде до решение и обединување“.

Ким не откри какви се односите помеѓу него и неговото семејство со режимот кој го предводи неговиот чичко во Пјонгјанг.

Тој кажа дека по завршувањето на училиштето планира да се занимава со добротворна и хуманитарна работа со цел да „гради мир во светот“.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он