Интерпол распиша меѓународна потерница по Ходорковски

Од:

 Интерпол го стави на меѓународната листа поранешниот нафтен магнат и бизнисмен, Михаил Ходорковски во врска со убиство на градоначалник на сибирскиот град Нафтејугањск во 1998 година, јави ТАСС, повикувајќи се на извори во полицијата.

– Рускиот истражен комитет предложи Ходорковски да биде на меѓународната листа на лица по кои се распишани потерници во декември. Сега Интерпол го стави на таа листа, вели изворот.
Според него Русија ќе бара испорачување на Ходорковски. Тој досега не беше во базата на податоци на Интерпол.

Московски суд во декември 2015 година соопшти дека Ходорковски е уапсен во отсуство. Ходорковски побегна во Швајцарија откако доби помилување од рускиот претседател Владимир Путин во 2013 година, по 10 години поминати во затвор поради затајување данок и проневера на пари.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија