Интерпол издаде „црвена потерница“ поради убиството на Немцов

Од:

Интерпол издаде „црвена потерница“ за Руслан Махудинов, кој е осомничен за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов.

Во потерницата се бара апсење на Махудинов и негова екстрадиција во Русија.

Немцов кој беше поранешен вицепремиер за време на претседателскиот мандат на Борис Јелцин и копретседател на партијата Републиканска партија на Русија – ПАРНАС, убиен е во центарот на Москва на 27 февруари 2015 година.

За убиството на Немцов обвинети се пет лица, меѓу кои и осомничениот за извршување на нападот Заур Дадајев.

Махудинов подоцна е обвинет во отсуство за организирање на убиството на рускиот опозиционер.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски