Интерпол го одби барањето на Иран за распишување на потерница за Трамп

Од:

Интерпол одби да го разгледа барањето на Иран за распишување на меѓународна потерница за претседателот на САД, Доналд Трамп, поради убиство на генералот Касем Сулејмани.

Внатрешните правила на Интерпол не овозможуваат да се задоволи барањето на судските власти на Иран, затоа што на организацијата ѝ е забрането да се „меша и да изведува акции од политички, воен, религиозен или расен карактер“.

За потсетување, на 3 јануари во Багдад, САД го ликвидираа генералот Сулејмани.

Иран, за возврат, упати ракети врз базата каде беа стационирани американските војници.

Пентагон во тој период за време на акцијата, соопшти дека нема загинати, но потоа американската војска беше принудена да признае дека сепак имало, чиј број постепено растеше следните денови.

Би можело да ве интересира

САД воведоа нови санкции кон Иран

Трамп ги паузираше царините за сите освен за Кина

Горан Наумовски

Трамп: Одлично време е да ја преселите вашата компанија во САД

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

Кина одговори: воведе царини од 84 отсто на стоки од САД

Европската унија спреми прв одговор за Трамп, објавени детали

Катерина Ѓуровски