Европската унија спреми прв одговор за Трамп, објавени детали

Од:

Сите 27 земји-членки на Европската унија се очекува да одобрат сеопфатна листа на американски производи кои ќе бидат предмет на царини почнувајќи од следната недела, како одговор на царината од 25 отсто што ја наметна актуелниот американски претседател Доналд Трамп за европскиот челик и алуминиум минатиот месец.

Европските тарифи ќе се воведат во три фази:

Од вторник, 15 април, планирано е да се воведат тарифи од 25 проценти на првичната листа на производи, на која се очекува да бидат мотоцикли, луксузни чамци и сок од портокал. Оригиналната листа вклучуваше и американски бурбон, вино и млечни производи, но тие беа отстранети по лобирањето од европската винска индустрија.

Првично, овие мерки требаше да стапат на сила на 1 април, но беа одложени за да се остави простор за преговори. Сепак, Трамп веднаш го отфрли предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за договор без царини.

Втората фаза, која ќе започне во средината на мај, ќе опфати текстил, кожни производи, јајца, забен конец и живина.

Третата фаза е закажана за 1 декември, кога ќе се воведат контрамерки за американските производи од соја и бадеми. Сојата, која се користи како добиточна храна, има најголема извозна вредност меѓу американските земјоделски производи извезени во Европа.

Денеска стапија на сила новите американски царини од 20 отсто за увозот од ЕУ, но овие европски контрамерки за кои денеска се гласаше во Брисел не се однесуваат на овие последни потези на Трамп. Европската комисија подготвува дополнителни контрамерки кои би можеле да бидат објавени веќе следната недела.

Би можело да ве интересира

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Европската унија уште е многу зависна од руските енергенси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната

(ВИДЕО) Обама: Белата куќа изгледа како Садам Хусеин да отворил Cheesecake Factory

Катерина Ѓуровски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина