Интернет провајдери го тужат Британскиот разузнавачки прислушен центар

Од:

Седум интернет провајдери поднесоа тужба до судот,против главниот британски разузнавачки прислушен центар GCHQ. Тужбата заеднички ја поднесоа интернет провајдери од Велика Британија,САД,Холандија и Јужна Кореја,во соработка со активистите од организацијата Прајваси Интернешенел.

Во тужбата се вели дека британскиот прислушен центар „извршил напад врз нивната инфраструктура“. Ова е првпат во историјата,овој разузнавачки центар да се соочи со една ваква постапка.

Како основа за тужбата до судот е тврдењето дека агенцијата ја надгледувала интернет комуникацијата,што прв ја обелодени Едвард Сноуден,поранешен соработник на американаката Агенција за национална безбедност НСА,по серијата текстови што беа објавени во германскиот неделник „Шпигел“.

Во заедничката тужба не учествува ниту еден од главните, водечки британски провајдери,а во неа не се вклучени ниту угледните провајдери од другите земји.

Претставник на британскиот Грин-нет кој е еден од седумте тужители,изјави дека откритијата на Сноуден покажуваат оти сите жртви на „нападите од GCHQ” се насочени кон оператори како што е овој.

– Станува збор за крајно бесправно и апсолутно неприфатливо однесување во една демократија, рече претставник на Грин-нет.

Во посебно соопштение,британскиот главен прислушен центар ги отфрла сите обвинувања.Во соопштението се вели дека сите негови активности се „легални и во рамките на постапките кои се овластени,потребни и пропорционални“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв