Интернет група презеде одговорност за дојавите за поставени бомби во училиштата во Париз

Од:

Групата „Евакуејшн сквад“, која тврди дека „не сака авторитети“ и „сака да сее хаос“ и во која членуваат шест лица од неколку држави, е на листата на осмоночени на француските власти за лажните дојави за поставени бомби во неколку гимназии во Париз, јави дописникот на МИА од главниот град на Франција.

Информацијата за секоја лажна дојава за поставена бомба доаѓала од анонимен повик со роботизиран глас. Најверојатно станува збор за претходно снимена порака која ги содржи зборовите: „Поставена е бомма. Сите ќе умрете“.

Сите овие закани беа сфатени сериозно, по што беа евакуирани учениците и интервенирашр полицијата. Во Париз беше отворена истрага и властите признаваат дека е тешко да им се влезе во трагата на повиците.

Телефонскиот број кој се појавува е странски и секогаш ист, но повиците можат да бидат испратени и од Франција. Слични дојави имаше во Велика Британија, САД, Јапонија, Финска, Австралија и Јапонија.

Но, при една од последните закани на 26 јануари, австралискиот информативен портал Мешабл Аустрал забележал порака на Твитер профилот на „Евакуејшн сквад“. 

– Сакате да биде евакуирано вашето училиште за еден ден? Сакате да и го одземете вниманието на полицијата за да направите злосторство? Пишете ни, гласи пораката на која има адреса на руска електронска пошта.

Засега услугиѕе на групата се бесплатни, но од 1 март ќе треба да се плаќа по пет долари за дојава за бомба во училиште, 10 за суд, а 50 долати за голем спортски настан. Плаќањето се врши со виртуелната моента биткоин.

Твитер профилот набрзо бил затворен, но групата продолжиле со пораки преку други сервери или електронски пошти. Групата тврди дека „го прави тоа што го прави поради различни причини“. – Не ја сакаме американската Влада, не го сакаме авторитетите и сакаме да сееме хаос, тврдат членовите на групата.

За австралискиот портал еден претставник на оваа група, кој рекол дека се вика Виктор Ољавич, потврдил дека нивната група е одговорна за бомбашките закани во Австралија во понеделникот, бидејќи мислат дека тоа е смешно. Тој воедно најавил серија вакви „напади“ во Европа.

Во Франција оваа најава е сфатена сериозно, посебно во период на вонредна сотојба поради можни терористички закани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили