Инспекторите смртта на шест лица во Марсеј ја третираат како убиство

Од:

Француските истражители ја третираат смртта на најмалку шест лица, кои загинаа при уривање на зграда во Марсеј, како можен случај на „убиство од небрежност“.

Ова денеска го соопшти обвинителот Доминик Лоран. Француските спасувачи пронајдоа шесто тело во урнатините на урнатите згради во Марсеј.

Тој рече дека истрагата била отворена врз основа на тоа откако во зградата било пронајдено првото тело по експлозија во неделата рано наутро, пренесе АП.

Четири од шесте жртви се официјално идентификувани, рече Лоран, а тоа се 74-годишен пар и две жени, на возраст од 88 и 65 години.

Денеска спасувачите ја продолжија потрагата по две лица кои се уште се водат како исчезнати.

Истражителите „сега работат на хипотезата за експлозија на гас“ како причина за уривањето на зградата, рече Лоран на прес-конференција.

Во урнатините беше пронајден мерач на гас, кој може да помогне да се утврди дали имало нетипична потрошувачка на гас во 24 часа пред експлозијата.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо