Инфлацијата во Канада со највисоко ниво во последните 30 години – 5,1 процент

Од:

Инфлацијата во Канада се искачи на 5,1 отсто во јануари – далеку над очекувањата на економистите – бидејќи поскапувањата достигнаа највисоко ниво во изминатите 30 години, соопшти владината статистичка агенција.

Зголемените цени на горивата, заедно со трошоците за храна и домување, повторно беа главни причинители. Бројката во декември беше 4,8 отсто.

„Предизвиците поврзани со пандемијата „Ковид-19“ продолжуваат да тежат на синџирите на снабдување, додавајќи ги сметките за гориво и намирници на потрошувачите“, се вели во соопштението на Статистика на Канада.

Најголемо поскапување имало кај месото, маргаринот, зачините и оцет, свежото овошје и пекарските производи, како и пивото и виното, соопшти агенцијата. Возачите, исто така, плаќаа повеќе на бензиските пумпи бидејќи „загриженоста за глобалните резерви на нафта како одговор на меѓународните политички настани“ ги зголеми цените на бензинот, се вели во извештајот.

Во меѓувреме, се намалија трошоците за каматите за хипотека и телефонските услуги.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада