Индонезиски шаман е уапсен откако полицијата открила дека 15 години сексуално искористувал девојка, киднапирана кога била тинејџерка, тврдејќи дека во него е духот на нејзиното имагинарно момче.
Жената, која сега има 28 години, ја пронашла полицијата гола во пештера во џунгла, во близина на селото Баџунган, во провинцијата Централна Салваси.
Таа била прогласена за исчезната во 2003 година, кога имала 13, откако го посетила шаманот бидејќи била болна. Таткото на жртвата минал години барајќи ја ќерка си. Полицијата соопшти дека шаманот, чиј син е женет за сестрата на жртвата, му кажал на семејството дека девојчето заминало и нема да се врати.
– Секој ден, во текот на многу години, 83-годишниот шаман имал секс со девојката, тврдејќи дека е запоседнат од духот на младото момче Амрин, кој бил имагинарен партнер на жртвата, соопшти полицијата.