Индонезиски патнички авион при слетување удри во крава

Од:

Патнички авион на индонезиската чартер компанија „Лајон Ер“ удрил во крава при слетувањето, по што леталото излетало од пистата со тешко оштетени тркала.

Во авионот имало 110 патници и членови на екипажот, но нема сознанија за тоа дека кој било од нив е повреден и оти побарал лекарска помош.

Овој необичен инцидент се случил на аеродромот Џалалудин, на индонезискиот остров Сулавези.

По несреќата, пилотот на авионот изјави за локалните медиуми дека кога го здогледал животото на пистата помислил дека е поголемо куче.

– Почувствува мирис на изгорено месо, истакна пилотот.

Кравата која поради слабата безбедност на аеродромот се нашла на пистата била удрена со тркалата на авионот.

Индонезија се соочува со сложена организација за да обезбеди воздушен сообраќај до сите свои 17.000острови, но за оваа голема земја се наведува дека има „најлоша безбедност во летањето“ во Азија.

Во април годинава авион на „Лајон Ер“ ја промаши пистата при слетувањето при што 22 лица беа полесно и потешко повредени.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски