Патнички авион на индонезиската чартер компанија „Лајон Ер“ удрил во крава при слетувањето, по што леталото излетало од пистата со тешко оштетени тркала.
Во авионот имало 110 патници и членови на екипажот, но нема сознанија за тоа дека кој било од нив е повреден и оти побарал лекарска помош.
Овој необичен инцидент се случил на аеродромот Џалалудин, на индонезискиот остров Сулавези.
По несреќата, пилотот на авионот изјави за локалните медиуми дека кога го здогледал животото на пистата помислил дека е поголемо куче.
– Почувствува мирис на изгорено месо, истакна пилотот.
Кравата која поради слабата безбедност на аеродромот се нашла на пистата била удрена со тркалата на авионот.
Индонезија се соочува со сложена организација за да обезбеди воздушен сообраќај до сите свои 17.000острови, но за оваа голема земја се наведува дека има „најлоша безбедност во летањето“ во Азија.
Во април годинава авион на „Лајон Ер“ ја промаши пистата при слетувањето при што 22 лица беа полесно и потешко повредени.