Индонезиската војска трага по стотина затвореници во бегство

Од:

Силите за безбедност преземаа контрола врз затворот во западниот дел на Индонезија, каде за време на насилниот бунт загинаа најмалку пет лица, а стотици затвореници се во бегство.

Околу 500 полицајци и 300 војници се распоредени во затворот „Танџунг густа“ во главниот град на Северна Суматра, Медан.

– Ситуацијата е целосно под контрола откако војниците влегоа во затворот без отпор, изјави портпаролот на затворската управа Акбар Хади.

Најмалку 150 затвореници, меѓукои и осуденици за тероризам, се во бегство во градот Медан на индонезискиот остров Суматра.

sumatrazatvo

– Затворениците беа вознемирени поради немањето електрична енергија и проблеми со водата, што многу често се случува во затворот. Според раководителите на затворот најпрво подметнале пожар, изјави Херу Пракосо, портпарол на покраинската полиција Северна Суматра.

Затворот „Танџунг Густа“ е познат по проблемот со пренатрупаност со тоа што во него се сместени 2.400 затвореници, иако неговиот официјален капацитет изнесува 400 осуденици.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Голем број загинати, раселени и исчезнати на островот Суматра

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници