Индонезиската полиција апси агитатори за регрутирање исламски борци во ИДИЛ

Од:

Локалниот гувернер на индонезиската провинција Малуку соопшти дека по негов налог полицијата почнала да ги апси агитаторите за регрутирање на млади луѓе кои би се приклучиле на екстремистите од групата Исламска држава на Ирак и Левантот (ИДИЛ).

Полицијата во оваа провинција денеска уапсила четворица агитатори, тројца студенти и еден гимазијалец. Тие ќе бидат обвинети за ширење на верска нетрпеливост и нарушување на еден од петте основни принципи на државното уредување, „Панчашила“, за што можат да добијат затворска казна до 10 години.

Од како добија сознанија дека низ Индонезија, особено во подрачјата вон поголемите градови и во посиромашните провинции, стана масовна појава за врбување на млади луѓе кои би се придружиле на бунтовниците во Ирак, Индонезија на национално ниво покрена кампања за запирање на ваквите активности. Осуда на обидите за ангажиање на млади луѓе за борци во Ирак минатиот петок објави и влијателниот Совет на улеми на Индонезија.

Над 80 отсто од 250 милионското население во Индонезија е од муслиманска вероисповест, со прилично локално адаптиран начин на либерална едукација и разбирањето на верата. Во почетокот на овој век, со прилично големи средства што доаѓаат од странство, во Индонезија имаше обиди да се создадат радикални муслимански групации, но државата остро и досега ефикасно се бори против оваа појава.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски