Индонезиската подморница пoтонала премногу длабоко, сè помалку надеж за 53-цата морнари

Од:

Исчезнатата подморница, која индонезиската морнарица и денеска ја бара со десетици бродови, најверојатно потонала премногу длабоко за да биде извлечена, што значи дека шансите за преживување за 53-те членови на екипажот се мали, соопштија властите.

Во моментот кога исчезна, подморницата учествуваше во вежби. Властите соопштија дека пловилото, кое се наоѓа на длабочина од 600 до 700 метри – многу подлабоко отколку што се мислеше, ќе остане без кислород до сабота наутро.

Официјални лица пријавија нафтена дамка во близина на местото каде што таа последен пат нурнала, околу 96 километри северно од островот Бали.

Во меѓувреме, индонезискиот претседател Џоко Видодо рече дека наредил интензивна потрага и максимални спасувачки напори да се пронајде подморницата и да се спаси нејзиниот екипаж.

Би можело да ве интересира

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски