Индонезија: Затворени неколку аеродроми поради вулкански ерупции

Од:

Три аеродроми се затворени денеска во Индонезија поради вулкански ерупции во момент кога милиони луѓе патуваат по архипелагот заради прослава на Рамазан Бајрам, соопштија властите.

Меѓународниот аеродром во Сурабаја е затворен по зголемената активност на вулканот Раунг на островот Јава, што се наоѓа на височина од 3.300 метри и поради кој минатата недела беше затворен аеродромот на Бали.

Властите наредија затворање на аеродомот Јуанда на Сурабаја поради густ облак што би можел да ја загрози воздухопловната безбедност, изјави портпаролката на аеродромот Лиза Аниндја.

Индонезиската национална компанија Гаруда и компанијата со ниски цени „Ер Азија“ соопштија дека ги откажале сите свои летови кон Сурабаја и од овој град.

Аеродромот во градот Маланг, на островот Јава, е затворен поради ерупцијата, соопшти индонезиското Министерство за сообраќај.

Ерупцијата на вулканот на островот Тернатена Молучките острови доведе до затворање на локалниот аеродром, наведе истиот извор.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници