Индонезиските власти од вчера ја зајакнаа контролата на големата морска површина на нејзината територија, бидејќи се очекува брод кој носи нуклеарен отпад да се обиде да помине низ овој предел.
Бродот Трејдер, натоварен со нуклеарен отпад во Франција, опасните материјали ги транспортира до Австралија, а за него најкусиот морски пат е низ индонезиските води.
Вице-Адмиралот Алберт Махамит, кој со указ на претседателот Видодо е назначен за командант на операциите за пресретнување на бродот Трејдер изјави дека опасниот товар нема да мине низ подрачјето што го контролираат индонезиската морнарица и авијација.
Причина за недозволувањето овој брод да го користи најкраткиот поморски пат до Австралија е можноста за евентуално истурање на дел од нуклеарниот товар, намерно или поради инцидент или хаварија.