Претседателот на Индонезија Јоко Видодо денеска го одбри законот, според кој педофилите во оваа држава ќе бидат казнувани со хемиска кастрација.
Педофилијата последниве години зема замав во оваа 256 милионска претежно муслиманска држава, а ваквото законско решение лани го побара државната Комисија за заштите на децата.
Слична мерка деновиве најавија и властите од Индија и Малезија. Вакво казнување во Азија пред пет години прифати Јужна Кореја, а вон оовј континент вакви мерки веќе се применуваат во Русија, Полска и неколку сојузни држави во САД.