Индонезија усвои големи олeснувања за домашните, особено за странските инвеститори

Од:

Потпретседателот на Индонезија Јусуф Кала денеска објави дека државата усвои нови пакети мерки за привлекување на нови домашни, особено странски инвеститори во оваа 256 милионска држава.

Мерките за олеснување при добивање лиценци за нови компании треба да помогнат Индонезија порамноправно да стартува во новата Економска Заедница на АСЕАН (АЕК), која формално започна да функционира на почетокот на годинава, а ќе биде целосно функционална во 2.025 година.

Компаниите кои имаат програма за нова инвестиција со вредност од над 10 милиони долари, или ќе стартуват со најмалку 1.000 вработени дозволата за отпочнување на бизнисот ќе ја добијат за само три часа. Досегашната комплицирана административна процедура и корупцијата на сите нивоа при издавање на лиценци за работа беа основна причина за воздржување на бизнисмените од вложувања.

Оваа мерка, како и повеќе пакети што претходно ги донесе новата власт треба да придонесат Индонезија да биде повисоко рангирана и на листата Дуинг бизнис, на која сега се наоѓа на незавидното 118 есто. Државите со кои индинежанската економија ќе треба да биде конкурентна во рамките на АЕК на листата на Светската банка се далеку покомпетитивни, бидејки од членките на АСЕАН Сингапур е на првото, Малезија на 18, Тајланд на 26, а Виетнам на 78 место.

Целта е пред рангирањето на Инонезија на оваа листа да стои двоцеифрена бројка, истакнува потпретседателот Јусуф Кала. Тој соопшти дека само годинава Индонезија ќе вложи 22 милијарди долари сопствени средства за осовременување на инфраструктурата. Пет пати повеќе средства годинава и во 2.017 година ќе бидат странски инвестиции во инфраструктурата и енергетски капацитети со инсталирана снага од 15.000 мегавати.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници