Индонезија во следниве два месеци ќе увезе околу два милиони тони ориз од соседните земји и од Виетнам, со цел да го ублажи недостигот на овој основен прехранбен продукт во оваа 256 милионската држава.
Првите 500.000 тони веднаш ќе бидат дистрибуирани во провинциите Нуса и Папуа Нова Гвинеја, каде што недостигот на ориз е најактуелен за околу 20 милиони жители.
Домашното производствона ориз во Индонезија, поради долготрјната суша што ја предизвика метеоролошкиот феномен Ел Нињо ќе биде 70 милиони тони, односно 7,5 милиони тони помалку од планираното.
Индонезија десетина години прави обиди за зголемување на производството на ориз со обезбедување на две жетви годишно, но се уште нема доволно средства за изградба на акумулации и системи за наводнување што би придонеле земјата да ги задоволи потребите на населението и да извезува поголеми количества ориз.
Со производство од 70 милиони тони ориз Индонезија е на трето место на светската листа. Пред неа се Кина, која годишно произведува по 208 милиони тони и Индија со 155,5 милиони тони. Во првите пет производители се и Бангладеш со 52,4 милиони и Виетнам, каде што се произведуваат 44,9 милиони тони ориз годишно.