Индонезија – Прабово пред објавувањето на конечниот исход ја подгрева атмосферата во Индонезија

Од:

На само три дена пред објавувањето на конечните резултати од претседателките избори во Индонезија, кандидатот на коалицијата „Гериндра’’ Прабово Субианто изјавува дека нема да го прифати, веќе очигледниот, пораз и дека собира нови докази со кој пред Уставниот суд ќе докажува дека неговиот противник Јоко Видодо изборите ги добил „со трикови и лажирање’’.

Прабово особено остро ги напаѓа противкандидатот Видодо во серија интервјуа за странски весници и телевизии. Вчера тој во интервју на Би Би Си го нарече поранешниот градоначалник на Џакарта Видодо марионета во рацете на индонезиската олигархија. Оваа и слични квалификации за навистина популарниот Јоко Видодо предизвика гнев кај најпознатата индонезиска колумнистка Џени Јусуф која денеска објави дека е запрепастена од изјавите на Прабово Субианто и дека тој, ако е џентмен, треба да се засрами и да се извини.

Меѓутоа, Прабово и по оваа порака не отсапува од идејата да не го признае поразот и да „тера правда до крај’’.

Ваквата позиција на Прабово не ја поддржуваат ни лидерите на две помали, промуслимански, партии од неговата изборна коалиција. Тие укажуваат дека Прабово треба да го признае поразот, а не да предизвикува ситуација во која тој и неговите поддржувачи ќе прават нереди.

Ако затреба, мирот ма улиците, но и политичката стабилност на 250 милионската Индонезија ќе го оддржуваат веќе бројно зајакнати полициски снаги, а ако е неопходно и армијата.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски