Индонезија, на чиј архипелаг се простира една третина од вкупните прашуми во светот, денеска соопшти дека ќе го продолжи мораториумот за расчистување на шумите и нивна пренамена во индустриски фарми.
Одлуката е донесена и под силен притисок на меѓународната заедница, која од Индонезија бара да ја зајакне и контролата на подметнување пожари, што во последниве десет години се честа појава од поголеми размери.
По регионот на Амазон Индонезија е на второ место во светот според површините на уништени прашуми. Во осумдесетите години на минатиот век на архипелагот со 17.300 острови имало 170 милиони хектари под прашуми, а во 2.010 година е регистрирано дека со расчистување и пожари биле уништени над 40 посто. Повеќе од три четвртини од уништувањето на прашумите било извршено илегално.