Индонезија: Поради лошото време отежнато извлекувањето на загинатите патници

Од:

Пороен дожд и густа магла го отежнуваат извлекувањето на телата на жртвите во авионската несреќа во индонезиската покраина Папуа, јавуваат локалните власти, пренесува БТА.

Авионот на „Тригана Ер“ со 49 патници и петмина членови на екипажот се урна во неделата во планинското подрачје Пегунунуган Бинтанга. Во несреќата животот го загубија сите 54 лица во авионот.

Спасувачките екипи првично планираа телата на жртвите да ги пренесат со хеликоптер, но поради лошите временски услови тие се носат пеш по тешкиот планински терен.

Авионот летал од Џајапура, главниот град на источната покраина Папуа кон Оксибил. Тој се загубил од радарот десетина минути пред пристигнување во Оксибил. Ова е трета авионска несреќа во една година во Индонезија.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници