Индонезија: Полицаец казнет со прачка

Од:

Околу 500 луѓе го следеа јавното казнување на полицаец со шест удари со прачка пред џамијата во градот Сабанг поради коцкање, соопшти јавниот обвинител за „Франс прес“.

Ова е прв случај на јавно казнување на припадник на силите за ред и мир.

Судот во единствената индонезиска провинција која го применува шериетскиот закон, го прогласи полицаецот за виновен поради обложување во една коцкарска игра.

Казната требало да биде извршена минатата недела, но група полицајци интервенирала и го одвеле својот колега пред да биде извршена.

Инцидентот предизвикал гнев во јавноста, поради што полицијата била приморана да го предаде осудениот полицаец.

Провинцијата Аќе која се наоѓа на северозападниот врв на индонезискиот архипелаг, доби широка автономија според договорот од 2005 година, поради решавање на долгогодишниот сепаратистички конфликт, вклучувајќи го и правото за примена на шериетскиот закон.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски