Индонезија: Не се откажуваме од смртна казна

Од:

Претседателот на Индонезија, Видодо изјави дека над 11-те затвореници, кои што се осудени претежно поради шверц на дрога, ќе биде извршена смртна казна и дека таа нема да биде одложена, но и ги предупреди другите држави да не се мешаат во правото на официјална Џакарта да ја спроведува смртната казна.

Како што пренесе „Ројтерс“, Видодо одбил да ги помилува осудениците, наспроти барањата на власите на Австралија, Бразил и Франција, чии што државјани се некои од оние кои наскоро би требало да бидат погубени.

-Прво што сакам да кажам е дека никој не треба да се меша во нашето право на извршување на смртна казна, затоа што наше суверено право е да ги спроведуваме законите- рече тој.

Индонезиските закони предвидуваат строги казни за шверц на дрога, а државата по петгодишна пауза повторно започна да ја спроведува смртната казна.

Официјална Канбера спроведе одлучна кампања за спас на животите на своите државјани Мјуран Сукумаран (33) и Ендрју Чен (31), кои во 2005 година се прогласени за виновни за организирање на шверц на хероин од Индонезија.

Австралиските власти кои веќе подолго време не се во најдобри односи со својот северен сосед Индонезија, соопштија дека ќе ја разгледаат можноста за повлекување на својот амбасадор од Џакарта доколку егзекуцијата биде извршена.

Бразил и Холандија веќе ги повлекоа своите амбасадори откако индонезиските власти минатиот месец погубија нивни државјани поради шверц со дрога.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници