Најмалку 54 лица загинаа и десетици се повредени при силниот земјотрес кој ја погоди утринава индонезиската провинција Ачех, наведе претставникот на локалните власти Саид Мулјади.
Локалните телевизии прикажаа снимки од округот Пидие Џаја, кој беше најсилно погоден од земјотресот, на кои се гледаат куќи и згради сраменти со земја.
Постои опасност дека уште десетици лица се затрупани под урнатините, јави ДПА.
Земјотресот бил почувствуван по 5 часот по локално време со епицентар на 18 километри североисточно од Мидае Џаја, на длабочна од 10 километри, соопти индонезискиот геофизички институт.
По него следувале уште најмалку пет вторични потреси.