Бројот на загинати во поплавите и одроните на индонезискиот остров Јава се искачи на 19, откако спасувачите извлекоа уште две тела, соопштија денеска властите.
Спасувачката операција, која е отежната поради лошите временски услови, одроните од кал и нерамниот терен, продолжи денеска откако беше прекината во вторникот попладне поради обилните врнежи од дожд и густата магла, а спасувачите се уште трагаат по седум лица кои се водат за исчезнати.
Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи Абдул Мухари изјави дека поплавите во понеделникот предизвикале лизгање на земјиштето што целосно затрупало две куќи и едно кафуле во одморалиштето Петунгкријоно, пренесе АП.
Оштетени се уште 25 куќи, брана и три главни моста во Пекалонган, јавува Танјуг.
Најмалку 13 лица се повредени, а речиси 300 се евакуирани во привремено сместување.