Индонезија најави големи промени за да привлече странски инвестиции

Од:

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо денеска соопшти дека на самитот САД – АСЕАН, што денеска започнува во Калифорнија, ќе објави досега најсериозен пакет мерки за либерализација на економијата во оваа 256-милионска држава. Според проектот, што Видодо го нарече огромен чекор, Индонезија ќе ги укине сите ограничувања за странските инвеститори што тој ги наследи од претходните режими што спроведуваа протекцонизам, исклчувајќи ја државата од современите глобални движења во економијата.

Од така наречената негативна листа со која беа исклучени можностите за директни странски вложувања, Индонезија ќе се отвори за инвестиции во земјоделството, шумарството, рударството, енергијата, комуникаиите и транспортот. Со новите мерки се дозволува странските инвеститори да имаат мнозински акции во постојните и нови компании.

Индонезија, со национален БДП од 1.180 милијарди долари, лани забележа намалување на економскиот раст од стандардните 6 до 7 на 4,8 отсто. Таа држава останува водечка економија во југоисточна Азија, но амбициите се поголеми.

Скок на стапката на развој треба даовозможат и планираните инвестиции во енергетиката сообраќајот и преработувачката индустија во кои до 2.025 година во Индонезија ќе се инвестираат над 460 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници