Индонезија ја одлага егзекуцијата на нарко дилерите

Од:

Потпретседателот на Индонезија Јусуф Кала денеска изјави дека извршувањето на смртната казна на шест странски и пет домашни нарко дилери ќе биде одложено неколку недели, а можеби и месеци.

Осудените нарко дилери, по одбивањњето на претседателот Јоко Видодо да ги помилува, требаше да бидат изведени пред стрелачки вод во февруари, но застапниците на осуденици добија уште еден правен лек за преиспитување на пресудите и можноста за помилување.

Аналитичарите во Џакарта сметаат дека дозволата за користење на уште едне правен лек е најмногу последица на апелите од странство, особено од Австралија, за помилување на осудениците на смрт. За двајца свои сограѓани, осудени на смрт во 2006 година, апелираше лично и австралискиот премиер Тони Абот. Со молби интервенираа и владите на Филипините, Гана и Нигерија, чии сограѓани треба да застанат во најновиот ред пред стрелачкиот вод.

Колку сегашните настани ќе го омекнат ставот на претседателот Видодо во однос на смртните казни не е уште познато. Јоко Видодо и вети на нацијата дека во рок од две години ќе го искорени најголемото зло што ја зафати Индонезија во последниве десет години.

Во оваа 250 милионска држава лани беа регистрирани четири милиони зависници, а на архипелагот од предозираност дневно умираат најмалку 40 лица.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници