Индонезија и намалува даноците за да го намали купувањето на своите сограѓани во Сингапур

Од:

Индонезиската влада одлучи драстично да ги намали даноците на голем број производи кои, поради разликата во цени голем број жители на оваа 256 милионска нација ги купуваат во соседниот Сингапур.

Објавувајќи ја оваа вест, министерот за финансии Бамбанг Броѓонегоро изјави дека не се работи само за луксузните брендови како што се Гучи, Луис Витони, или Хермес, туку за неколку стотини производи за домаќинствата и за лична употреба.

Џакарта со 15 авионски летови дневно е поврзана со Сингапур, до кој се стасува за неполн час, а уште два пати повеќе авиони кон Сингапур летаат од другите градови во Индонезија. Над 75 посто од патниците се жители на Индонезија кои во Сингапур, познат како „Дјути фри’’ држава трошат огромни средства.

До крајот на јуни, за 40 отсто ќе бидат намалени даноци на голем број производи, почнувајќи од фрижидери, еркондишни, ТВ апарати, спортска опрема, музички апарати, до опрема за куќи и канцеларии. Сите овие производи масовно се купуаат во Сингапур, а министерот Бамбанг апелираше нацијата да се сврти кон домашниот пазар.

Првите реакции на жителите на Индонезија беа усмерени кон поевтинувањето на производите од најпознатите светски брендови, бидејќи наскоро овде, по речиси исти цени како во Сингапур ќе се купуваат производи од најквалитетните и најпознати брендови на парфеми, чанти, часовници, опрема за јавање, накит и обувки.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници