Индонезија и Австралија близу до нормализација на односите

Од:

Претседателот на Индонезија Сусило Бамбанг Јудихјоно изрази уверување дека односите со Австралија ќе се нормализираат до крајот на неговиот мандат, во октомври годинава.

Билатералните односи меѓу двете големи соседни држави се влошија минатата година, коа на Викиликс беше објавено дека Австралијците ги прислушувале телефонските комуникации на претседателот на Индонезија, неговите најблиски соработници и семејството.

Пред тоа австралиските медиуми обвинија дека претседателот Јудихјоно е директно замешан во големиот коруптивен скандал за време на печатењето на идонезиските пари во Австралија.

Индонезија во ноември минатаа година го повлече својот амбасадор од Канбера, а односите меѓу двете држави тогаш беа  на најниско ниво од 1990 година наваму. Австралија употреби директни и посредни дипломатски чекори за да се поврати довербата меѓу двата соседи, но Индонезија побара, прво, двете джави да потпишат „Код за однесување“.

Овој документ, според барањата на Џакарта, повеќе ја обврзува Австралија, пред се да се откаже од шпионирање и да постапува според меѓународните прописи кога ги спроведува акциите за спречување на бројните азиланти кои, најчесто, со индонезиски бродови се обидуваат да емигрираат во Австралија.

Во мај годинава австралискиот премиер Тони Абот ненадејно го откажа состанокот со индонезискиот претседател што требаше да се одржи на островот Бали. Потоа, двајцата министри за надворешни работи на Индонезија и Австралија оддржаа серија состаноци кои, по се изгледа, резултираа со исполнување на барањата на Џакарта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе