Индонезија го деблокира пристапот до 22 радикални веб сајтови

Од:

Министерството за информации на Индонезија денеска соопшти дека го деблокирало пристапот до 22 веб сајтови, блокирани поради тоа што во нивните содржини имало пропаганда на Исламската држава во Ирак и Сирија.

На одлуката, како што сметаат аналитичарите, влијаеле моќни кругови од исламскиот клер ва државата, кои по забраната на сајтовите поведоа кампања за нивно враќање во јавноста, бидејки тие биле јако оружје за пропаганда и ширење на вредностите на исламот. Имамите искористија и повеќе граѓански здруженија кои тврдеа дека под маска на соспречување на тероризмот се создаваат услови за блокирање на сајтови што ги критикуваат властите.

Истовремено со веста за деблокирање на сајтовите со радикални содржини, медиумите во Индонезија објавија вест за казнување на  две жени кои на своите фејсбук профили, според судот, поставиле навредливи текстови за своите бивши мажи. Осудените, Вишни Јети од Бандунг и Флоренс Сихомбинг од Џогџакарта се осудени на по пет месеци затвор, условно на една година, а ќе мора да платат глоба од 10 милиони рупии, околу 800 долари.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници