Министерката за надворешни работи Ретно Мерсуди, денеска соопшти дека во директни контакти и преку амбасадите од 45 држави побарала да ги укинат визите за граѓаните на Индонезија. Индонезија тоа го бара и како реципроцитет на нејзината одлука од месец јуни годинава, според која се укинати визи за влез за граѓаните од тие 45 држави.
Министерката Ретно на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на АСЕАН, што се оддржа во Куала Лумпур за укинувањето на визите разговарала со Сергеј Лавров, Федерика Могерини и Јунг Бунг-се, министер за надворешни работи на Јужна Кореја. Во изјавата што ја издаде кабинетот на Ретно, не се прецизира до каде се процесите за укинување на визите за граѓаните на Индонезија кои сакаат да патуваат во повеќето од половината членкина ЕУ и Јужна Кореја. Единствено рускиот колега Лавров изјавил дека тој лично ќе се заложи процесот на укинувањето на визите од руска страна да се забрза.
Во првите коментари по повод овие активности на министерката Ретно, индонезиските медиуми потсетуваат дека укинување на визи за граѓаните на Индонезија лично ветил британскиот премиер Камерун, при неодамнешната официјална посета на Џакарта. На барање на Форин офисот, Индонезија и формално побарала Велика Британија да ги укине визите за Индонежаните, со нота која ја потпишал претсетаделот Видодо.