Индепендент: Таен план на Меркел и Путин за Украина

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин имаат таен план за да се реши по мирен пат меѓународната криза во Украина, објави Индепендент.

Според тој договор, Европа за признавање на Крим во состав на Русија би добила сигурно снабдување со руски гас. Основна цел за тајниот мировен план е како што тврди весникот, стабилизација на украинската граница и обезбедување силни економски дотации за финансиски осиромашената Украина, особено со нов енергетски договор кој би обезбедил снабдување на Украина со гас и Европа.

Контроверзниот план предвидува првично меѓународната заедница да ја признае независноста на Крим и неговото присоединување кон Русија. Извори блиски до Меркел и Путин, наведуваат дека во случај на постигнат договор, Русија би морала веднаш да ја повлече својата финансиска и воена помош за проруските сили на исток во Украина.

Истовремено, Украина би морала да се откаже од членство во НАТО. Русија за возврат би пrестанала да блокира или да се меша во новите трговски односи меѓу Украина и ЕУ.

Украинците би добиле нов долгорочен договор со Гаспром за идните испораки на гас и за цената.

Москва би исплатила отштета за Украина од милијарда долари поради губење рента која Русија ја плаќала на Киев за стационирањето сили на Крим и Севастопољ.

Тие обиди на Меркел да посредува меѓу Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко се откажани по соборувањето на малезискиот авион на исток во Украина, наведува Индепендент. Извори за весникот тврдат дека „германскиот мировен план се уште е на маса“ и се очекуваат преговори по истрагата за причините за падот на авоинот во кој загинаа 298 луѓе.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски