„Индепендент“: Хиперсонични ракети – нова опасност за стретешка војна

Од:

САД, Русија и Кина развиваат ракети кои се побрзи од звукот, пишува британски „Индепендент“, наведувајќи дека овие светски сили воедно мораат да водат сметка тоа оружје да не падне во рацете на „одметнати режими“, кои би можеле да ја загрозат безбедноста.

Хиперсоничните ракети, на кои се работи, се „новиот вид на закана“, бидејќи се креирани за избегнување на одбранбени противракетни системи, со цел земјите да имаат помалку време за одговор на таков напад.

Доколку таа технологија се развива неконтролирано, земјите би можеле да ги постават своите одбрамбени системи на подесување на „моментна одмазда“, а со тоа и да ги зголемат шансите за избувнување на ракетна војна, смета весникот.

– Развојот на хиперсоничните ракети би ги зголемил шансите за стратешка војна. Би ги поттикнал државите побрзо да реагираат, тврди авторот на студијата „РАНД“, Ричард Шпајер.

Заканата од хиперсоничните ракети не е поврзана само со нивната екстремна брзина, туку и со тоа што со нив може да се управува многу прецизно, а тоа е карактеристика што не ја поседуваат традиционалните балистички проектили.

Русија, Кина и САД ја развиваат таа технологија, а истражувачите предупредуваат дека тие земји мораат да се согласат да не продаваат цели системи или поголеми потсистеми на другите земји.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ