Имам три дипломи, а чистам г**** во Лондон: Шпанец стана симбол на „изгубената генерација“

Од:

Бенџамин Сера Бош стана глас на „изгубената генерација“ во Шпанија откако раскажа дека работи како чистач на тоалет во лондонско кафуле, иако завршил три факултета, што предизвика бура на Интернет.

Тој вели дека не може да најде ниедна друга, пристојна работа во својата земја, па единствената што успеал да ја најде е токму оваа – чистач во Лондон.

Бенџамин (25) собрал илијадници поддржувачи на социјалните мрежи. Во пораката на својот Фејсбук профил тој вели:

„Дипломирав со висок просек на два факултети, а сега чистам г…. во странство“.

На Твитер порача:

„Работам во познат ланец на кафиќи во Лондон. После пет месеци работа, денеска по прв пат јасно видов се’. Чистам тоалети. Помислив: ’Бев одличен студент на два факултети, а сега чистам г…. во туѓа земја’. А, да, уште правам кафе, чистам маси и мијам садови“.

Бенџамин, кој е од Валенсија, сепак нагласува дека не се срами од сегашната работа иако дипломирал новинарство и адвертајзинг, како и односи со јавност на престижен приватен универзитет. Покрај тоа има мастер од администрациски менаџмент.

„Не се срамам од она што го работам. Чистењето е чесна работа. Она што ме погодува е што мора да го работам ова затоа што никој во Шпанија не ми пружал прилика“.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски