Илјадници Шпанци протестираа против економските мерки

Од:

Илјадници лица во Мадрид, Барселона и други шпански градови излегоа на протести против економските мерки на Владата. Водечките синдикати и други организации свикаа протести во 55 градови во земјата.

Демонстрантите изразија незадоволство од намалувањето на пензиите, скратувањето на помошта за невработените, намалувањето на трошоците за образованието и здравството и другите економски мерки.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој ја заштити политиката на Владата, нагласувајќи дека во економијата веќе се видливи позитивни знаци како зголемување на извозот и на приходите од туризмот.

– Нема лесни одговори за тешки ситуации, ние правиме такви обиди, бидејќи наша должност е да ја подобриме оваа ситуација, рече Рахој, чија Влада се бори да го намали буџетскиот дефицит и да ја извади земјата од рецесија.

Тој изрази надеж дека следната година ќе дојде до подобрување на економската состојба во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски