Илјадници Шпанци излегоа на улиците

Од:

Повеќе илјади Шпанци вчера излегоа на улиците низ државата за да го одбележат вториот роденден на движењето „Огорчени“, формирано од протестите поради економската нееднаквост и невработеноста.

Симпатизерите се собраа во Мадрид, Барселона и уште триесетина градови ширум Шпанија за да го искажат своето незадоволство против владините мерки.

На централниот плоштад во Мадрид „Пуерта дел Сол“, демонстрантите носеа пароли „Борбата продолжува“, „Доколку сме заедно тоа е возможно“, пренесе француската агенција „Франс прес“.
Еден од учесниците на протестот изјавил дека владата го прави она што Германија, ММФ и Европската централна банка ќе и речат, пренесе агенцијата.

Конзервативната влада на премиерот Маријан Рахој се надева дека благодарение на политиката на новите мерки за штедење до 2014 година ќе имаат заштеда од околу 150 милијарди евра.

Околу 6,2 милиона шпанци се без работа, со што стапката на невработеност во првиот квартал од годинава достигна рекордно ниво од 27,2 проценти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски