Илјадници лица протестираа пред Амбасадата на САД во Лондон

Од:

Повеќе илјади лица протестираа пред американската Амбасада во Лондон во знак на солидарност со демонстрациите ширум САД поради убиството на афроамериканскиот тинејџер, кој беше убиен од полицаец.

Протестите во САД се одржуваат поради одлуката на поротата да не покрене обвинение против полицаецот Дарен Вилсон, кој во август го уби невооружениот Афрoамериканец Мајкл Браун.

Во Лондон се собраа околу пет илјади демонстранти. Учесниците во протестот им се обратија на роднините на црнците, кои се убиени во велика Британија од страна на полицијата.

Некои од демонстрантите носеа свеќи, а потоа со минута молчење им оддадоа почит на сите лица ширум светот кои биле жртви на полицијата.

Во немирите во Фергусон во САД изминатите два дена запалени се повеќе згради и автомобили, а полицијата приведе 61 лице.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас